Академија Пандев: Доколку на некого му ги расипавме сметките, не сме должни да се извинуваме

Академија Пандев реагираше на денешните обвинувања од таборот на Македонија ЃП за наводна нерегуларност при големата победа на струмичани во полуфиналето од Купот на Македонија. „Лавовите“ тврдеа дека „пандевци“ со серијата соопштенија во последниот период извршиле притисок врз арбитрите, но од редовите на струмичкиот прволигаш стигна реакција на ваквите обвинувања.

Соопштението на Академија Пандев го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Денешнава прозивка од нашите спортски пријатели од редовите на ФК Македонија Ѓ.П е причината која не не остави рамнодушни и поради која моравме да реагираме, а се со цел за подобар и поквалитетн македонски фудбал, но секако и самата јавност да ја процени вистината. Ние како раководство на ФК Академија Пандев сме должни да обезбедиме оптимални услови, опкружување и поддршка на секој наш фудбалер, секогаш фудбалерите кај нас се на прво место и затоа ќе кажеме:

Победата на нашите момчиња е чиста како солза и заслужено се во финалето на купот! Ако ФК Академија Пандев имаше моќ да прави притисок сега ќе беше трето место на табелата во ПМФЛ, а не да се бори за опстанок. Во рок од еден месец тимот на ФК Македонија Ѓ.П има три порази од ФК Академија Пандев, два првенствени и еден во купот. Еден пораз можеби би бил случаен, но по три порази за толку кратко време ? Би им препорачале на аналитичкиот сектор на ФК Македонија Ѓ.П да се сврти кон нивниот тим, и кај нив да си ги бараат причините за поразите. Честитки за борбеноста и залагањето на нашите фудбалери и за радоста после постигнатите голови. Нас како тим ниту не интересира дали „капчето е на глава“, ниту дали е „вратата на тунелот отворена“.

Доколку на некого му ги расипавме “ сметките и договорите” за крајниот епилог на табелата и куп завршницата иако не сме должни Ви се “извинуваме”. За нас нашиот тим е наша светост, ние немаме друга фудбалска опција, а и не прифаќаме “сомнителни” преговори и договори. За крај, ако на некого му пречи што ФК Академија Пандев бара правда, порачуваме дека ни на крај памет не ни паѓа да се откажеме.

ФК Академија Пандев АД – Струмица

Се вчитува...