Академија Пандев ги промовираше Стојчевски и Ферати (ФОТО)

Како што беше и претходно најавено, Академија Пандев и официјално ги промовираше Андреј Стојчевски и Бесник Ферати како свои последните засилувања во зимскиот преоден рок.

Двајцата играчи за врска ќе ја зголемат конкуренцијата во средниот ред.

И двајцата веќе се вклучија претходно на подготовките на тимот, па ќе бидат на располагање на тренерот Александар Васоски за наредниот првенствен натпревар.

Се вчитува...