Академија Пандев и Шкендија ги добија можните противници во Конференциската лига

По шампионот Шкупи кој ги доби своите противници во 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите, второ и третопласираните екипи од Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев и Шкендија ги добија можните противници за првото коло во Конференциската лига.

Шкендија е во групата 5 и е носител, а можни противници на тетовскиот клуб се Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (Босна и Херцеговина) и Дечиќ (Црна Гора). Академија Пандев е во групата 1 и не е носител, а можни противници се: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милшами (Молдавија).

Третиот македонски претставник во Конференциската лига, Македонија Ѓорче Петров е слободна во првото коло. Ждрепката е закажана за утре во седиштето на УЕФА во Нион со почеток во 14 часот.

Се вчитува...