Академија Пандев нема „милост“ за никого, пораз на Турново од Скопје во 92. минута!

Лидерот во второлигашката конкуренција, Академија Пандев и откако веќе теоретски си обезбеди место во Првата лига од следната сезона реди победи во шампионатот од Втората сезонава.

Во 23. коло „академците“ славеа против Тетекс со 3-2, благодарание на погодокот на Ване Јованов во 71. минута од средбата. Претходно, гостите поведоа преку Реџепи во 34. минута, а израмни Вареловски во 38. минута. Во второто полувреме, Љупчо Дориев со голот во 60. минута донесе предност за Академија, а откако израмни Филип Јовановски во 68. минута, следеше победничкиот гол на Јованов.

Велазерими убедливо со 3-0 славеше против Тиквеш, благодарение на погодоците на Митев и Балажи во првото полувреме, и Ибраими во вториот дел.

Во третиот, последен, денешен натпревар Скопје славеше со 2-1 против Хоризонт Турново кој се бори за третото место на табелата и бараж за влез во Првата лига, и тоа со гол од пенал на Ѓоко Алексовски во 92. минута. Претходно, поведе Скопје со голот на Дарио десниќ во 45. минута, а израмни Трајче Ефремов во 57. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

Академија Пандев – Тетекс 3-2

Велазерими – Тиквеш 3-0

Скопје – Хоризонт Т. 2-1

УТРЕ

Металург – Вардар Неготино

Новаци – Еуромилк ГЛ

ТАБЕЛА: Академија Пандев 56, Скопје 44, Новаци(-1) 36, Еуромилк ГЛ(-1) 34, Хоризонт Т. 33, Велазаерими 28, Металург(-1) 25, Вардар Неготино(-1) 20, Тиквеш 19, Тетекс 18 бода.

Се вчитува...