Фудбалерите на Академија Пандев и официјално се нови прволигаши, откако победија на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш со 1-3 и обезбедија недостижна бодовна предност на врвот на табелата во Втората лига. Новаци ремизираше 2-2 на гостувањето против Хоризонт Турново.
Јани Атанасов во шестата минута го доведе тимот на Академија Пандев во водство, а во 48.минута Тиквеш израмни со голот на Лазарев. Во 54.минута, гостите повторно поведоа, откако погодок постигна Давид Атанаскоски.
Во завршницата, Јани Атанасов од слободен удар, уште еднаш ја погоди мрежата на Тиквеш во 87.минута, за прволигашка радост.
Турново имаше водство од 2-0 против Новаци, но гостите извлекоа реми (2-2). Един Мерсовски и Трајче Ефремов постигнаа голови за турновци во првиот дел, а Благојче Марковски од пенал намали во 54.минута. По ова, Благоја Наумоски израмни на 2-2 во 65.минута од средбата.
Скопје го совлада Тетекс на гости со 0-1, со голот на Дарио Десниќ, а Еуромилк и Металург во ревија од голови ремизираа 3-3.
ВТОРА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ
ЕУРОМИЛК – МЕТАЛУРГ 3-3
Х.ТУРНОВО – НОВАЦИ 2-2
ТЕТЕКС – СКОПЈЕ 0-1
ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-3
ВАРДАР НЕГОТИНО – ВЕЛАЗЕРИМИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА