Академија Пандев подобра од Беласица на тестот на „Кукуш“

Академија Пандев славеше со 2-1 на пријателскиот натпревар против Беласица кој двете екипи го одиграа на стадионот „Кукуш“ во Турново, искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи.

Триумфот на „пандевци“ дојде со погодоците на Ѓорги Стоилов и Кристијан Иванов.

Свое деби, пак, во составот на Беласица запишаа и најновите засилувања на тимот, Влатко Дробаров, Филип Ивановски, Немања Петров и Стефан Вујчиќ.

Се вчитува...