Пионерите на Академија Пандев го освоија пехарот во Купот на Македонија, откако во финалето на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид ги совладаа врсниците од Вардар со 1-0.
Двете екипи одиграа борбен натпревар, во кој имаше голем број шанси на двете страни, како и неколку погодени диреци, а на крајот на победата сосема заслужено се радуваше Академија Пандев.
Струмичани дојдоа до трофејот благодарение на резервистот Никола Тасев кој со голот во 78. минута го реши натпреварот. Бобан Тасевски имаше прекрасна соло акција, минувајќи неколку противнички играчи, по што го проигра Тасев, кој немилосрдно ја затресе мрежата на „вардарци“.
Претходно, како што е познато, Шкендија ги освои трофеите во младинска, кадетска и во конкуренција на помлади пионери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА