Академија Пандев ремизираше (2-2) со Септември од Софија

Академија Пандев ремизираше (2-2) со бугарската екипа Септември од Софија на пријателскиот дуел во Анталија.

Стрелци на головите беа засилувањата Ндуе Мујеци и Ангел Гранчов. По подолго време настапи и Бојан Најденов кој се враќа од операција на препоните.

Следниот натпревар на „пандевци“ е на 4. февруари против екипата на Ротор од Русија.

Помладите фудбалери од првиот тим на Академија Пандев претпладнево одиграа пријателски натпревар и со екипата на Коњаспор до 18 години, победувајќи со 3-0.

Се вчитува...