Академија Пандев се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев

Академија Пандев, по денешниот убедлив пораз од Струга ТЛ, одлучи да се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев.

По пет натпревари на стартот од новата сезона, Академија Пандев е со седум бода, но од клубот не се задоволни со актуелните игри на тимот поради што следи разделбата со Стојчев.

Стојчев на клупата на струмичкиот прволигаш дојде како наследник на Александар Васоски.

Се вчитува...