Академија Пандев продолжува со засилувањата за престојната сезона, а последен кој пристигна во Струмица е поранешниот младински репрезентативец на Србија, Душан Јоковиќ.
Дваесетидвегодишникот кој ја покрива централната одбранбена позиција во минатото ги бранеше боите на Пролетер од Нови Сад и Металац, а во претходната сезона настапи на 15 средби во српското првенство на кои постигна гол и забележа асистенција.
„Душан Јоковиќ е нов централен одбранбен играч на ФК Академија Пандев. Тој е поранешен играч на ФК Пролетер од Нови Сад , ФК Металац и поранешен репрезентативец на Србија У-21. Му посакуваме многу успех во нашиот клуб“, стои во објавата на струмичкиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

