Академија Пандев со „петарда“ ја расплака Плачковица

Академија Пандев убедливо со 5-0 славеше против второлигашот од Радовиш, екипата на Плачковица, на генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ уште во првите 15 минути го решија победникот постигнувајќи три гола. Стрелци на головите за Академија Пандев беа Крстовски, Манев, Радески, Шаркоски и Миловановиќ.

Струмичани во првото пролетно коло во ПМФЛ следната недела на домашен терен ја пречекуваат екипата на Работнички.

Се вчитува...