Македонскиот фудбалски клуб Академија Пандев со победа го отвори настапот на годинашното издание на Купот на пријателство.
„Пандевци“ со минимални 1-0 славеа против српска Војводина која минатата сезона стигна до трофејот на овој турнир.
Се играше деветтата минута кога Живко Крстев од 15 метри шутираше во центарот на голот. Андје Борак беше сигурен во својот гол. Следуваа два поврзани корнери за Академија Пандев, која поведе во 11. минута преку стоперот Лазар Милошевиќ.
Академија Пандев имаше одлична шанса за 2-0 на 15-тина минути до крајот на натпреварот, но голманот на противникот го сопре ударот на Марио Костов.
Во среда во групата Д ќе се сретнат Академија Пандев и Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА