Борусија Дортмунд во дербито на 14. коло во германската Бундеслига го совлада Волфсбург со 2-0. Мануел Аканџи со одличен удар со глава во 66. минута донесе водство за „милионерите“, додека конечните 2-0 ги постави Џејдон Санчо во 91. минута.
Одлична вест за домаќините е тоа што неверојатниот Ерлинг Халанд се најде во почетниот состав по повредата која ја заработи на крајот на минатата година. Со триумфот Дортмунд изби на 4. место на табелата со 25 бода, додека Волфсбург има еден помалку и се наоѓа на 6. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

