Швајцарскиот стопер на Манчестер Сити Мануел Аканџи е последен кој го крена гласот против пренатрупаниот распоред во фудбалската сезона.
Аканџи кој оваа сезона забележа пет настапи на клупско ниво, а беше дел и од два натпревари на Швајцарија во Лигата на Нации вели дека доколку се продолжи со ова темпо може ќе се пензионира на 30 години.
„Не можете само да додавате натпревари и да претпоставувате дека се ќе остане како што беше. Мора да се мисли и на фудбалерите. Во еден момент тие ќе бидат премногу уморни, а потоа дефинитивно ќе дојдат повредите.
Тренираме максимално напорно и подготвени сме, но мора да има граница. Можеби јас ќе се пензионирам на 30 години“, вели Аканџи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА