Aканжи: Ова е најубавиот гол во мојата кариера

Дефанзивецот на Манчестер сити, Мануел Аканжи е избран за играч на натпреварот на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Копенхаген, кој неговиот тим го доби со резултат 3-1.

По натпреварот Швајцарецот изјави дека тимот ја исполнил целта, а тоа епласман во следната фаза од натпреварувањето.

„Мислам дека ова беше еден од најубавите голови во мојата кариера. Се надевам дека ќе има уште многу, но навистина сум среќен поради тоа што се случи. Додавањето на Хулијан Алварез беше одлично. Топката отиде директно во мојата нога и се обидов да го завршам нападот на најдобар начин. Навистина добро се покажавме во двата осминафинални натпревари. Сега не очекуваат важни натпревари, прво со Ливерпул во Премиерлигата, а потоа и со Њукасл во ФА Купот. Ова се решавачки игри и мораме да бидеме подготвени“, изјави Аканжи по натпреварот.

„Граѓаните“ се пласираа во четвртфиналето со вкупни 6-2.

Се вчитува...