Аке испрати порака по успешната операција

Тешката победа над Плимут во ФА Купот, Манчестер Сити скапо ја плати бидејќи остана и без услугите на Нејтан Аке, холандскиот стопер кој поради повреда на стапалото подолг период нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола.

Аке беше успешно опериран, а и покрај тоа што англискиот клуб не наведе колку долго ќе отсуствува од терените, очекувањата се дека доколку се врати оваа сезона тоа би било во самата завршница.

„Ова е многу фрустутачка сезона за мене, но сега имав операција за фрактурата на стапалото која ме мачеше со месеци и со оптимизам гледам кон иднината. Ме очекува одмор и рехабилитација. Се гледаме наскоро, ви благодарам за поддршката“, напиша Аке на социјалните мрежи.

Повредата на Аке е голем проблем за Манчестер Сити кој претходно остана и без Џон Стоунс и Мануел Аканџи кои ја пополнуваа оваа позиција.

Се вчитува...