Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, по добро ќе го памети мечот против Бенфика во Лигата на шампионите. Не само што неговиот тим победи (2-0), туку и тој успеа да ја сочува својата мрежа, што е првпат за него по цели 11 години во елитното европско клупско натпреварување.
Некогаш еден од најперспективните голмани во Европа, кој целата своја кариера ја минува во дресот на ЦСКА Москва, последен пат не прими гол во ЛШ во далечната 2006 година на мечот против Арсенал. По ова, тргна „црната серија“ на Акинфеев која траеше 11 години, на вкупно 43 натпревари во ЛШ, а неретко и тој беше главен виновник за примените погодоци. Но, дојдоа и неговите пет минути…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА