По успешната прва сезона, во 2020 година „Твинго Куп“ повторно ќе биде во центарот на вниманието на љубителите на високите октани во Македонија. Новата натпреварувачка сезона стартува викендов на патеката „Гробник“ во Хрватска.
Осум македонски натпреварувачи, ќе ги тестираат индивидуалните квалитети на интернационално ниво: Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.
На стартот на „Гробник“ ќе се појават дури 30 автомобили Твинго, покрај и македонските автомобилисти и натпреварувачи од „Естет Твинго куп“ и „Италијанското Ентри куп“.
Според првичната програма во сабота (22. февруари) ќе се одржат слободни тренинзи како и квалификациите и две спринт трки, додека во недела (23. февруари), исто така ќе има тренинзи, квалификации и четиричасовна трка во издржливост.
ЗА „РЕНО ТВИНГО КУП“
Во натпреварувачкиот куп моделите „Рено Твинго“ се унифицирани и специјално модифицирани од страна на „Лема рејсинг тим“ со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.
За овој куп планирани се осум трки (четири кружни и четири ридско-брзински) согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација. На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило „Рено Твизи“.
Официјалните спонзори на купот се: Аутомотив Груп – официјален импортер на брендот Рено во С. Македонија, ПСС (Power Sport System), Триглав Осигурување, Шпаркасе Лизинг и компанијата Мотул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА