Еден Азар истакна дека донел одлука за својата иднина. Иако не ја соопшти, се претпоставува дека на крајот од сезоната ќе направи мегатрансфер во Реал Мадрид. Сепак, и клубот од „Стемфорд бриџ“ не препушта ништо на случајноста. Во една таква ситуација, Челси ќе тргне по Иско Аларкон, шпанскиот репрезентативец кој нема полна минутажа оваа сезона во „кралскиот клуб“.
Медиумите на Островот шпекулираат дека може да се случи и комплетна размена на фудбалерите. Еден Азар ќе влезе во последната година од договорот со Челси, но и покрај тоа за него ќе биде побарана отштета од околу 70 милиони фунти, а речиси идентична е и сумата за Иско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА