Озил ќе почне кариера во е-спортот?!

Месут Озил веќе подолго време се соочува со проблеми во својата кариера, Германецот не е задоволен со статусот во Фенербахче и можеби ќе се одлучи за пензија.

На оваа тема зборуваше неговиот агент, Еркут Согат, кој ја најави и иднината на Озил по крајот на фудбалската кариера.

„Месут нема да игра фудбал во некој друг клуб. Кога ќе заврши со Фенербахче, тоа ќе биде крај за Озил … Тој веќе влегува во светот на е-спортот, доста следи и игра видео игри. Како што разбрав, тој во иднина сака да се занимава со тоа“, изјави агентот.

Озил поседува е-спорт тим М10 Е-спортс, има сериозни амбиции и гледа иднина во натпреварувањето во видео игри. Според најавите, плејмејкерот би можел да се реши за промена на спортот и во иднина да продолжи да се натпреварува на друга сцена.

Се вчитува...