Шкендија би можела одново да го има шпански Рајо Ваљекано за ривал во Лигата на Конференции, откако со денешната ждрепка беше познато дека тетовскиот тим најпрво треба да го мине турски Самсунспор, а потоа да се сретне со подобриот од мечот Шахтјор Доњецк – Рајо Ваљекано.
Самсунспор е тежок предизвик, но потоа следува уште потежок, доколку се случи тетовскиот тим да има успешен двомеч против турскиот прволигаш.
Шкендија во групната фаза гостуваше во Мадрид кај Рајо, и загуби со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

