Драмата околку најавеното ново засилување на актуелниот шампион на АБА лигата, Црвена Звезда, Џонатан Мотли не стивнува.
И покрај тоа што од таборот на српскиот тим нема никакви информации за ангажман на поранешниот кошаркар на Далас, ЛА Лејкерс, Локомотив Кубањ и Фенербахче, за него отворено говори Офер Јанај, сопственикот на сегашниот клуб на центарот Хапоел Тел Авив.
„Хапоел е во Белград и додека се возевме со такси, истиот тој таксист ни кажа дека во текот на денот го возел и Мотли и дека и тој е во Белград. Му се јавив на Мишко Ражњатовиќ да видам дали имал состанок со Мотли и тој ми кажа дека мислел дека сум во Белград поради Мотли и дека ќе имаме состанок, нешто што нормално не се случи бидејќи немаме никаква комуникација со него. Се надеам дека Џонатам ќе се вразуми и дека ќе сфати дека има сопственик на клуб кој го сака и дека ќе увиди дека неговиот агент му ја расипува кариерата.
Ако го видите Мотли на улиците во Белград, кажете му дека го вика сопственикот кој и понатаму го почитува и верува дека ќе размисли што прави“, изјави израелскиот бизнисмен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА