Барселона се соочува со можни санкции до крајот на сезоната во Ла Лига, доколку на „Камп Ноу“ се поддржуваат политичките пораки за независност на Каталонија. По затегнатата ситуација во Шпанија и обидот на Каталонија да прогласи независност, раководството на Ла Лига нема да толерира понатамошни испади на стадионите.
„Досега немаше негативни појави на трибините. Сите протести се случуваа надвор од стадионите. Ако се случат такви работи во иднина на стадионот на Барселона, тогаш би можел „Камп Ноу“ да биде и затворен“, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА