Ако ја прескокне Лозана, Вардар во 3. коло би можел на Аз Алкмар, Партизан, Хајдук, Спарта Прага…

Вардар е единствениот тим, од трите македонски претставници во Конференциската лига на УЕФА ова лето, кој го продолжува натпреварувањето во третиот по квалитет европски клупски ранкинг.

По елиминацијата на Ла Фиорита од Сан Марино, „црвено-црните“ во второто квалификациско коло ќе се соочат со швајцарска Лозана.

Но, веќе е познато и дека Вардар или Лозана во 3. квалификациско коло од Конференциската лига ќе бидат во групата на неносители пред ждрепката, па веќе се познати и сите можни противници на најтрофејниот македонски клуб ако ја мине Лозана.

Во групата на можни противници на „вардарци“ за третата рунда се и холандски АЗ Алкмар, австриска Рапид Виена, чешка Спарта Прага, но и белградски Партизан, и сплитски Хајдук…

Ждрепката за 3. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА е закажана за 21. јули (понеделник) од 14 часот.

Македонија, пак, плус 0.625 коефициент поени по вчерашните натпревари на нашите европски претставници, и победата на Силекс над Дечиќ и ремито на Вардар со Ла Фиорита.

Се вчитува...