Манчестер јунајтед оваа сезона игра далеку под очекувањата во Премиер – лигата, а по поразот од Ливерпул на „Енфилд Роуд“ се стега обрачот околу менаџерот Жозе Мурињо. Медиумите во Британија, сепак, тврдат дека засега раководството нема да се осмели да го отпушти. Причината е многу јасна, договорот според кој Португалецот ќе треба да добие 24 милиони фунти отштета, доколку отказот му биде доделен пред крајот на јануари. По ова, отштетата „паѓа“ на 18 милиони фунти.
Мурињо лани потпиша нов договор со Манчестер јунајтед, но оваа сезона е мошне разочарувачка на резултатски план. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на шестата позиција, со 19 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул и 11 бодови негатива во однос на Челси, кој се наоѓа на четвртата позиција што носи пласман во Лигата на шампионите.
Мурињо по поразот на „Енфилд Роуд“ потенцираше дека сега неговиот тим ќе се бори за да стигне токму до четвртото место и повторно да избори учество во елитното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА