Ако Каталонија стане независна, Барса ќе избира каде ќе игра, во Шпанија, Франција или Англија

Каталонија се наоѓа пред референдум за независност и одвојување од Шпанија, а тоа би можело да доведе и до проблеми во Ла Лига. Каталонските клубови Барселона, Еспањол и Џирона би можеле и да не играат веќе во шпанското првенство.

Сепак, министерот за спорт на Каталонија, Жерар Фигерас, вели дека клубовите ќе можат да избираат каде ќе играат.

„Во случај да објавиме независност, каталонските клубови од Ла Лига, Барселона, Еспањол и Џирона, ќе треба да решат каде ќе играат. Тие ќе можат да избираат меѓу шпанското првенство, Франција или Премиер – лигата во Англија. Впрочем, во Шпанија веќе има други клубови кои играат во регионалните лиги. На пример, фудбалски и кошаркарски клубови од Андора. Монако игра во Франција, а велшки клубови играат во Англија. Не мислам дека тука УЕФА ќе прави некој посебен проблем“, изјави министерот за спорт на Каталонија.

 

Се вчитува...