Борусија Дортмунд пред две недели доби нов тренер во името на Нико Ковач. Хрватот имаше катастрофален старт во Бундеслигата, откако загуби на домашен терен од Штутгарт, а сега загуби и од Бохум на гости.
Помеѓу тие два меча, Борусија го доби дуелот со Спортинг на гостински терен со 0-3, и е пред пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Меѓутоа слабите настапи во домашното првенство, придонесоа да има многу критики кон новиот тренер на „милионерите“.
Познатиот ТВ коментатор Роби Хунке, понуди храбар облог.
„Доколку Ковач и натаму е тренер на Борусија Дортмунд на крајот на 2025 година, ќе го истетовирам неговиот лик на моето рамо“, изјави Хунке.
Коментарот смета дека Ковач не е тренер на Борусија Дортмунд. Германските медиуми се согласуваат дека „црно-жолтите“ се во најголемата криза по многу години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

