„Ако Мерцедес нема болид за Хамилтон, нека оди во Ферари“

Макс Ферстапен застана на патот на Луис Хамилтон до историската осма шампионска титула во Формула 1 шампионатот и се чини дека во „ерата на Холанѓанецот“, британскиот возач нема да успее да го престигне Михаел Шумахер на вечната листа.

Барем не со болидот на Мерцедес кој по речиси децениската доминација потфрли во новата ера. Поради истото се почести се гласините за заминување на Хамилтон од британскиот тим, а како опција се јавува Ферари. На оваа тема сега говореше поранешниот Ф1 возач Герхард Бергер.

„Ако Луис не може да биде конкурентен во болидот на Мерцедес и за него вратите во Ред Бул се затворени не гледам зошто не би пробал во Ферари. Секако, ако не сака да оди во пензија. Може токму тоа ќе го реши проблемот кој тие го имаат. Секој возач барем еднаш сака да вози за Ферари, а најголемиот дел од најдобрите возачи и го направија тоа“, вели Бергер.

Се вчитува...