Финансиката ситуација во Барселона воопшто не е добра, а поради тоа и легендата на клубот, Лео Меси нема да може да потпише нов договор со каталонците со што ќе стави крај на фантастичната 21-годишна кариера на „Камп Ноу“.
Светските медиуми го поврзаа искусниот Аргентинец со трансфер во редовите на ПСЖ, а доколку се земе во обзир дека парижани и во минатото беа заинтересирани за ангажманот на еден од најдобрите фубалери на сите времиња, а притоа ги имаат и потребните средства би рекле дека денови не делат од официјализирање на овој трансфер.
На оваа тема сега говореше и поранешниот фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез кој имаше интересна изјава.
„Ако Меси оди во ПСЖ ќе играат своја лига во Франција. Па, дајте им ги веднаш сите титули. Мислам дека ниеден клуб во Англија не може да го плати. Можеби само Манчестер Сити“, изјави Колумбиецот.
Интересно е тоа што ПСЖ веќе загуби еден трофеј во Франција оваа сезона откако Лил славеше во Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА