„Ако мислите дека Јокиќ е најдобар, тогаш имате сериозен проблем“

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ и оваа сезона игра одлична сезона и е најсериозен кандидат за добивање на признанието МВП, третпат по ред. Меѓутоа на Ол-стар мечот не одигра на неговото ниво, и мечот го заврши со четири поени, пет скока и шест асистенции.

Познатиот американски новинар и НБА експерт Џош Рејнолд, на „Твитер“ го потцени Србинот, истакнувајќи дека Јокиќ не е најдобариот кошаркар во НБА Лигата.

„Ол-стар викендот е тука само за забава. Но, ако го гледате овој натпревар и навистина и натаму мислите дека Јокиќ е најдобар играч во НБА, тогаш имате голем проблем“, напиша Рејнолд.

Се вчитува...