Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба, е најновата желба на менаџерот на Манчестер јунајтед, Жорди Алба, меѓутоа каталонскиот клуб нема намера да му дозволи на шпанскиот репрезентативец да си замине од „Камп Ноу“. Тој има договор со Барселона до 2020 година, а клаузулата за предвремено раскинување е огромни 150 милиони евра. Прашање е дали Манчестер јунајтед е подготвен да плати толку многу пари за да може да го ангажира левиот бек на каталонскиот гигант.
Откако менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, беше во Загреб да го следи Иван Перишиќ во дресот на хрватската фудбалска репрезентација, се појави информација дека има голема желба да го доведе и Алба на „Олд трафорд“ од следната сезона. Со тоа дефинитивно би го решил проблемот што го има на левата бековска позиција. Меѓутоа, Барселона не сака ни да слушне за продажба на својот стандарден првотимец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА