Екипата на Струга ТЛ го доби својот потенцијален ривал во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Доколку успее да направи чудо и да го мине Слован Братислава, Струга во 2. коло ќе игра со победникот од дуелот Флора Талин – Целје.
Со тоа Струга ТЛ доби потенцијално полесна задача во 2. коло, но само доколку успее да го мине потешкото. Слован Братислава е еден од најтешките ривали кои македонскиот првак можеше да ги добие.
Неколку играчи од оваа екипа настапуваат на ЕВРО 2024 година, пред се најзвучно име е поранешниот играч на Милан, Јурај Куцка. Исто така таму игра и екс вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА