„Ако не бев фудбалер сигурно ќе бев криминалец и во затвор“

Бразилскиот фудбалер на Евертон, Ришарлисон, признава дека фудбалот му бил спасот од животот кој го водел кон криминал и евентуално кон затвор. Потекнува од сиромашна околина во која како што вели „немав ништо“. Потенцира дека токму поради тешкото детство го цени тоа што го има сега и не се расфрла со парите.

„Пријателите со кои играв фудбал сега работат во супермаркети и по плантажи. Многумина сега се во затвор. Мојот пат имаше само една насока – кон криминалот, но вујко ми ме советуваше, го имав и тренерот кој беше и полицаец кој ми зборуваше дека дека сум талентиран. Фудбалот ме одведе на вистинскиот пат. Не сакам да имам скап автомобил. Инвестирам во недвижнини и останати работи кои се поврзани со мојата иднина како апартманот во Рио де Женеиро. Им купив куќи на родителите, на вујко ми, на баба ми. На сите им купив автомобили, а на мајка ми мотор, таа ги сака моторите“ – објаснува младиот Бразилец.

Играчот на Евертон уште објаснува дека лесно се снашол во Англија и дека единствената работа од која се плаши во животот се повредите.

„На теренот не се плашам од ништо. Го правам тоа што го сакам, единственото од што се плашам се повредите. Ми беше тешко да се навикнам само на студот, често гледам играчи кои зборуваат за депресија, но за мене адаптацијата не беше проблем“.

 

Се вчитува...