Поранешниот тренер на Серна Вилијамс, Патрик Муратоглу смета дека Рафаел Надал не треба да биде отпишан и дека доколку нема болки и ако не повреден е фаворит за освојување на Ролан Гарос.
Шпанецот би требало да се врати на терените на почетокот на следната сезона.
„Вистинското прашање е колку ќе биде без повреди во 2024 година? Ако е без болка и може да игра следната година, нема причина да не веруваме дека нема да биде фаворит за Ролан Гарос“, вели Муратоглу.
Надал досега во кариерата има освоено 22 гранд-слем титули, две помалку од Ѓоковиќ и две повеќе од Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

