„Ако не го освои Ролан Гарос, Рафа Надал заминува во пензија“

Поранешниот австралиски тенисер и поранешен директор на Австралија опен, Пол Мекнами говореше за Рафаел Надал. Шпанецот оваа сезона играше само во Бризбејн, по што ги пропушти сите турнири, освен егзибицијата во Лас Вегас против сонародникот Карлос Алкараз.

Во меѓувреме, тој се повлече и од Мастерсот во Индијан Велс и останува фокусиран на сезоната на земјена подлога. Мекнами смета дека доколку Рафа не го освои Ролан Гарос, крајот на неговата кариера е неизбежен.

„Ајде да се соочиме со тоа. Рафа продолжува да верува дека се уште може да го освои Ролан Гарос, зошто да не? Ако го стори тоа, ќе продолжи да игра. Според мене, тој нема да се откаже се додека има шанса да му парира на Ѓоковиќ кој има 24 гранд-слем титули. Доколку не го освои Ролан Гарос крајот е неизбежен“, изјави Менами. 

Се вчитува...