Ако не го совлада Калјари, Мурињо добива отказ од Рома

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо би можел да добие отказ од клупата ан Рома. Наводно мечот со Калјари би можел да му биде последен на „Специјалниот“, особено ако не успее да ги освои трите бода.

„Кориере дела спорт“ пишува дека клупата на Мурињо е разнишана, и дека само победа над Калјари му го продолжува мандатот како тренер на „волчицата“.

Пред неколку дена Мурињо призна дека почетокот на сезоната е лош, но исто така истакна дека неговиот план е до крајот на договорот да остане во Рома, и поради тоа наводно одбил неколку богати понуди од Саудиска Арабија.

„Нема да прифатам дека јас сум проблемот. Не читам весници и не гледам телевизија, но пријател ми кажува дека јас сум проблемот. Јас не сум проблемот. Тука постојат многу фактори. Не може да кажете дека само едно лице е одговорно ниту за победи. Дадов збор дека ќе останам тука до летото 2024 година“, рече Мурињо.

Меѓутоа раководството на Рома може да донесе одлука за смена, и покрај тоа што таа ќе чини неколку милиони отштета.

Се вчитува...