Антонио Конте реши да го одбие Јувентус и да остане во Наполи, а раководството на италијанскиот првак за возврат ги исполнува сите желби на трофејниот стратег во летниот преоден рок.
„Наполитанците“ веќе ангажираа неколку одлични засилувања (Де Бруине, Ланг, Лука и Беукема), но Де Лаурентис не планира да застане тука. Желба на Конте е да биде доведен уште еден крилен офанзивец, но проблем е што играчот кој е на врвот на листата, Адебола Лукман од Аталанта, ги одбил „наполитанците“. Имено, италијанскиот првак испратил и побогата понуда до Аталанта, но Лукман веќе има договор со Интер и инсистира на трансфер во овој клуб, поради што експресно ја одбил понудата што стигнала до него од Неапол.
Во таборот на Наполи не очајуваат премногу, па вниманието веднаш го насочија кон Џек Грилиш, англискиот ас кој настапува во Манчестер Сити. Гвардиола јасно стави до знаење дека веќе не го планира Грилиш за дел од својот тим, а „наполитанците“ ќе се обидат да го искористат тоа. Преговорите се во тек, Англичанецот сака да му се приклучи на Де Бруине во Наполи, а останува да се види дали Наполи ќе се реши за перманентен трансфер или ќе испрати понуда само за позајмица на крилниот офанзивец.
Едно е сигурно, кога на оној шампионски тим на Наполи ќе му се приклучат сите овие засилувања и Конте ќе ги внесе во својот систем, „наполитанците“ ќе бидат страв и трепет во фудбалска Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

