Ако не се пријавиш навреме – нема да играш на Вимблдон

Младиот германски тенисер Рудолф Молекер, нема да настапи на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, бидејќи заборавил да се пријави во квалификациите.

Кога сфатил дека не е пријавен, Молекер заедно со тимот побарале специјален повик за квалификациите, но од раководството на Вимблдон таа не била прифатена.

Тоа ќе биде голем удар за младиот Германец, бидејќи годинава во квалификациите на Грен-слем турнирите имаше скор од 6-0. На Австралија опен во првото коло загуби од Диего Шварцман од Аргентина, а на Ролан Гарос во истата фаза беше елиминиран од Александар Бублик од Казахстан.

Се вчитува...