Ако не успее да го доведе Погба, Реал Мадрид се насочува кон младата ѕвезда на Ајакс

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на младата ѕвезда на Ајакс Дони ван де Бек, кој сезонава игра одлично во тимот од Амстердам, а беше стрелец и на единствениот погодок во полуфиналниот меч во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Тимот од „Јохан Кројф“ арената може да остане без уште еден суперталентиран фудбалер, откако Френки де Јонг потпиша за Барселона, а се поизвесно е дека и Матијас де Лихт на крајот од сезоната го напушта клубот. Ван ден Бек е желба на Зинедин Зидан, само доколку не успее во екипата да го донесе Пол Погба.

Ван де Бек има 21 година, а процена е дека неговата вредност е нешто поголема од 60 милиони евра.

Се вчитува...