Саудијците не се откажуваат од намерата да доведат играч на Реал Мадрид и едноставно се чини дека се опседнати со членовите на кралевите бидејќи испраќаат понуди кои не можат да се одбијат.
Веќе успеаја со Карим Бензема, а потоа и со Начо Фернандез и сега започнаа нов обид и избраа играч за кој веруваат дека ќе го доведат.
Саудијците во претходните години „пукаа во празно“ о обид да го доведат Лука Модриќ, потоа Антонио Рудигер и Едер Милитао, па дури и Винисиус беа на мета.
Сега, според тврдењата на каталонскиот весник Sport, Саудијците тргнале по Тибо Куртоа и му подготвиле понуда која е невозможно да се одбие.
Белгискиот голман се најде на „мета“ на Ал Ахли и ова не е првпат да се обидуваат да го доведат. Последен пат беше ова лето кога реши да остане во Реал.
Што се однесува до Реал, тие високо го ценат Куртоа и го сметаат за еден од најдобрите голмани во светот и немаат намера да го продадат без разлика на неговите повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА