Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал, во моментов е на листата на повредени фудбалери за Реал Мадрид, и ќе го нема до средината на вториот дел на сезоната. Уште на почетокот на кампањата, тој ги скина лигаментите, и ќе треба да паузира.
Шпанецот во едно интервју истакна дека ако некогаш си замине од Реал Мадрид, тогаш ќе ја напушти и Европа, затоа што не сака да игра против „кралевите“.
„Ако некогаш си заминам од Реал Мадрид, нема повеќе да играм во Европа. Не можам да играм против Реал Мадрид во Лигата на шампионите или во Шпанија“, изјави Карвахал.
Потоа кажа дека тимот на Хоселу бил заинтересиран за него.
„Хоселу ми рече дека има интерес од неговиот тим и дека ме чека таму, и дека го чува местото десен бек за мене“, изјави шпанскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА