Контроверзниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ минатата сезона му помогна на Милан да го освои Скудетото по долга пауза, но често е во центар на внимание и поради неговите изјави, па една таква во разговор со медиумите откри неговиот поранешен колега Жоао Педро.
Педро раскажа некои детали од соблекувалната на Лос Анџелес Галакси, каде што играше Ибрахимовиќ во минатото.
Ибрахимовиќ почнал да ги навредува и пцуе соиграчите затоа што екипата била на 13. место, по што им кажал дека очекува многу подобри настапи.
„Ако некој ми каже нешто, ќе го убијам“, била завршната реченица на жестокиот говор на Ибрахимовиќ.
По моќниот говор на Швеѓанецот играта на Галакси се поправила, а Ибрахимовиќ за американскиот тим на 58 меча постигна 53 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА