„Ако Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос…“

Познатиот тениски тренер, Патрик Муратоглу говореше околу своите фаворити за вториот грандслем турнир во сезоната, Ролан Гарос кој почнува во недела на 22. мај. Фокусот е на тројката Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Тој вели дека доколку првиот рекет на светот успее да победи во Париз има голема шанса да биде и рекордер по освоени гранд-слем трофеи на крајот на кариерата.

„Голем е влогот за Новак на Ролан Гарос. Минатата година беше доминантен на гранд-слемите, а ова му е само прв сезонава. Ако го освои, ќе се изедначи со Рафаел Надал, а тогаш ќе биде во пол позиција брзо да стигне и до својот 22. во кариерата, а со тоа и да биде најдобар на сите времиња“, изјави Муратоглу. 

 

Се вчитува...