До крајот на март би требало да биде познато дали еден од најдобрите играчи Мохамед Салах, ќе остане во Ливерпул, или, пак, ќе се пресели во Саудиска Арабија, каде што има неколку заинтересирани клубови кои се подготвени добро да платат да го имаат Египѓанецот во своите редови.
Ливерпул и Салах преговараат за нов договор, а доколку крилниот напаѓач остане, тогаш „жртва“ ќе биде Луис Диаз кој ќе биде ставен на трансфер листа. 27-годишниот Колумбиец од Порто во 2022 година стигна во Ливерпул, и на 82 меча постигна 21 гол.
Салах е на мета на Ал Итихад, кој му нуди плата преку 100 милиони евра.
Исто така Ливерпул е во потрага и по нов тренер, откако е јасно дека Јирген Клоп си оди од „Енфилд“. Прв пик е Чаби Алонсо, кој најверојатно ќе го презеде кормилото на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА