Кол Палмер по пристигнувањето во Челси во 2023 година се наметна како еден од најдобрите фудбалери во составот и некој на кој ќе се темели овој тим во иднина.
Сепак не се исклучува можноста за одличниот англиски репрезентативец да ја промени средината, поготово доколку Челси не е редовен во битката за титули, а доколку се случи тоа поранешниот фудбалер на „сините“, Лоик Реми би сакал да го види во елитното шпанско првенство.
„Ако Палмер навистина одлучи да го напушти Челси, тој ќе блесне во Шпанија. Има толку многу способности со топката и прави играта да изгледа лесна, го има целиот технички талент за да напредува во клуб како Реал Мадрид, Барселона или Атлетико Мадрид. Има профил да биде успешен, но прво ќе се обиде да освои големи трофеи со Челси, тоа му е приоритет“, изјави Реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

