„Ако Рафа не е во топ форма, сигурно нема да игра на Ролан Гарос“

Поранешниот светски рекет број еден, Бјорн Борг вели дека би сакал да го види Рафаел Надал на Ролан Гарос.

Шпанецот од 28. мај треба да го брани пехарот во Париз и да се обиде да стигне до 15. трофеј во главниот град на Франција.

Сепак, повлекувањето од Мастерсот во Рим загрижи многумина, па шпанскиот тенисер има уште малку време да се подготви за вториот  гранд-слем во сезоната.

„Рафа е мој добар пријател. Знам дека малку се бори со своето тело. Тоа го знам долго време. За жал, тој нема да игра во Рим, но сите сакаме да го видиме на Ролан Гарос. Ако не може да се подготви и да биде во топ форма, тој нема да игра“, јасен е Швеѓанецот.

Се вчитува...