Ако Роџерс замине во Манчестер, Лампард ќе го води Лестер

Поранешниот тренер на Челси, Франк Лампард би можел наскоро да го преземе тимот на Лестер, доколку Брендан Роџерс го превземе водењето на Манчестер Јунајтед.

Поранешниот тренер на Ливерпул, Роџер се споменува како наследник на Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“, и тоа би можело да се случи секој момент, односно секој кикс на Оле ќе значи отказ од клупата, и Роџерс веднаш би требало да направи трансфер.

Лампард е без работа откако беше сменет од Челси, и на негово место донесен Тухел кој ја освои европската титула. Лампард исто така беше споменуван и за Норич, Кристал Палас и Њукасл.

Се вчитува...