„Ако сакате пари, продадете го Погба веднаш“

Братот на францускиот играч за врска, Пол Погба, изјави дека Манчестер Јунајтед треба што побргу да го продаде францускиот репрезентативец доколку не сака да го напушти „Олд Трафорд“ без обештетување. Ова е уште една изјава во низа од Матија Погба, кој се’ погласно зборува за заминување на Пол од Англија и Јунајтед.

Откако од Јувентус се приклучи на Јунајтед за 105 милиони евра, Погба не игра на задоволително ниво, а во октомври изјави дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид.

„Знам дека на Пол му се допаѓа правецот во кој оди Јунајтед во моментов. Сепак, тој има уште една година од тековниот договор и не знам дали ќе остане до крајот. Не можам да го кажам тоа. Она што можам со сигурност да го кажам е дека ако Јунајтед сака пари, треба веднаш да го продаде. Тоа е сè што ќе кажам, ако не го сторат тоа, тој веројатно ќе си замине бесплатно. Не слушнав никаква вест во врска со неговото продолжување на договорот“, изјави Матијас, моментално играч на шпанска Мурсија.

Погба има 27 години, а во репрезентацијата на Франција, со која стана светски шампион во 2018 година, одигра 75 натпревари и постигна 10 гола.

Се вчитува...