Да го имаш Ханси Флик на клупата во едно финале очигледно е предуслов за победа и освоен трофеј. Германскиот тренер синоќа во финалето на Копа дел реј го имаше седмото свое финале во кариерата како тренер, и успеа да дојде и до седмиот трофеј со 100% успех.
Како тренер на Барселона, покрај синоќешната титула во Купот, оваа сезона веќе има и трофеј во Суперкупот на Шпанија по победата во финалето и во ова натпреварување над „кралевите“, што значи има два од два со каталонскиот тим.
А, пред доаѓањето на клупата на Барса, Ханси Флик има пет од пет во финални натпревари како тренер на Баерн Минхен.
Кога пристигна во Барселона на 29 мај 2024 година, неговиот список на достигнувања вклучуваше пет одиграни финалиња и пет освоени финалиња со Баерн Минхен.
Оваа среќна приказна за Флик започна со победата во Купот на Германија на 4 јули 2020 година. Подоцна тој ќе ги шармира Баварците во финалето на Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп, германскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА