Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, не се најде на списокот на Англија за Мундијалот во Катар. Иако се очекуваше крилниот фудбалер да добие шанса, сепак, поради малата минутажа во тимот од „Олд Трафорд“ беше исклучен од селекцијата. Поради тоа селекторот Герет Саутгејт наиде на многу критики од јавноста во Англија.
Со реакција се јави и прославениот германски фудбалер Лотар Матеус. Тој го коментираше изоставувањето на Санчо на интересен начин.
„Ако Санчо не е добар за Англија, можеби треба да му дадеме германски пасош“, изјави Матеус.
Меѓутоа крилниот играч нема никакви шанси да заигра за Германија, со оглед дека веќе има 23 настапи за „Гордиот Албион“. А, додека беше во Дортмунд, се споменуваше и играње за германскиот национален тим, но тогашниот фудбалер на Борусија беше категоричен дека сака да игра за Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА